Во Дојран ќе се произведува маслиново масло

Bez autora
Jul 07 2011

Фирмата "КМ компани" од Нов Дојран започна со подготовките за садење нови 12.900 садници од новиот вид маслинки наменети за производство на маслиново масло. Веќе се пуштени огласите за потребите од нова работна сила која е неопходна во оформувањето на плантажите на маслиновите дрвја како извор на суровина, кои ќе бидат застапени на површина од 60 хектари. Со новиот проект планираме производство на околу 300 тони маслиново масло, кое покрај на домашниот ќе биде наменет и за странските пазари. Целиот проект чини околу 850.000 евра, од кои 50 отсто е за набавка на нова опрема за производна обработка на маслинките. Проектниот план е веќе доставен и до Европските финансиски институции за подршка на руралниот развој, за што деловниот тим на "КМ" очекува соодветна поддршка преку ИПАРД-програмата на ЕУ.

Во Дојран ќе се произведува маслиново маслоФирмата "КМ компани" од Нов Дојран започна со подготовките за садење нови 12.900 садници од новиот вид маслинки наменети за производство на маслиново масло.

Веќе се пуштени огласите за потребите од нова работна сила која е неопходна во оформувањето на плантажите на маслиновите дрвја како извор на суровина, кои ќе бидат застапени на површина од 60 хектари.

- Со новиот проект планираме производство на околу 300 тони маслиново масло, кое покрај на домашниот ќе биде наменет и за странските пазари - вели Киро Киров, сопственик на компанијата "КМ".

Целиот проект чини околу 850.000 евра, од кои 50 отсто е за набавка на нова опрема за производна обработка на маслинките. Проектниот план е веќе доставен и до Европските финансиски институции за подршка на руралниот развој, за што деловниот тим на "КМ" очекува соодветна поддршка преку ИПАРД-програмата на ЕУ.

- Планираме овој проект да прерасне во локално партнерство помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои доколку ги следат поволните услови за одгледување на маслинката во Гевгелиско-валандовската котлина, каде припаѓа и Дојран, можат да се создадат кооперантски односи со индивидуалните одгледувачи и годишна обработка на близу 600 тони маслиново масло - вели Киров.

Со тоа наместо сегашните 40 нови вработувања, потребни се уште 60 во сезоната на бербата, со локалното партнерство ќе бидат овозможени и семејни бизниси и дополнителни приходи за локалните жители.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik